ПОМОЛОГИЈА

ПОМОЛОГИЈА – наука за проучување на сортите овошје, дел од специјалното овоштарство. Поради големиот број овошни видови, а многу повеќе сорти, помологијата во многу земји се издвојува како посебен предмет (дескриптивна помологија). Проф. Тома Димитровски ја публикуваше книгата „Специјално овоштарство со помологија“ во два дела (1974–1978). Б. Р. ПОП АНДОВ, Ѓорѓи Јорданов