ПОЛОНИСТИКА, т

ПОЛОНИСТИКА, т.е. универзитетски студии по полски јазик и книжевност и научни истражувања во таа област. Во Македонија полонистиката на УКИМ постои од 1983 г,, а уште во 1959 г. проработи лекторат по полски јазик. Во 1983 г. беа организирани полонистички студии како втор главен предмет, а од 1992 има полна 4-годишна полонистичка специјализација. Прв раководител на полонистичките студии (1983-2002) бе-Родните полиња во Полог ше З. Тополињска, а од 2002 раководител е М. Миркуловска. Наизменично во Македонија и во Пол-ска секоја четврта година се организираат заеднички научни конференции, чии материјали се објавуваат во списанието Фолиа Пхилологица Мацедоно-Полоница. Во МАНУ од 1985 г. постои проект Македонско-полска граматичка конфронтација, досега се излезени 6 тома, наредните 3 се во подготовка. Од 1980 г. излегува списанието Студиа Лингуистица Полоно-Југославица (соработка на МАНУ со АНУ БиХ и ПАН), од 1996 преименувано во Студиа Лингуистица Полоно-Меридианославица (соработка на МАНУ со универзитетите во Полска). Излезени се 12 тома. З. Т.