ПОЛИТИЧКИТЕ АТЕНТАТИ ВО МАКЕДОНИЈА

ПОЛИТИЧКИТЕ АТЕНТАТИ ВО МАКЕДОНИЈА – ненадејни и подмолни посегања по животот на поединци и групи од политички причини. Историските извори го потврдуваат нивното практикување уште при појавата на првите државни организации кај античките Македонци. Најкарактеристично е убиството на кралот Филип Ⅱ Македонски на свадбата на својата ќерка Клеопатра (336 г. пр.н.е.). Во современото македонско минато секако најпознати се солунските атентати (28-30. Ⅳ 1903) на македонските гемиџии или солунски атентатори. Посебно карактеристична атентаторска дејност практикувале четите на водачот на ВМРО „автономистичка“ Тодор Александров. Познати се атентатите со рачни бомби и други експлозивни средства во пазарните денови во Радовиш, Битола, Кичево, Крушево, Кавадарци, Охрид, Прилеп и Солун. официјално станува интермедија-Експлозијата предизвикана од гемиџиите на францускиот брод „Гвадалкивир“ (1903) Не можејќи да ги откријат подмолните атентатори, османлиските власти го подложувале месното население на терор, посебно во Дојран, Штип и Кочани. Во атентати се загинати многу македонски револуционери: Добри Даскалов (јули 1912), Ѓорче Петров (21. Ⅵ 1921), Јане Сандански (22. Ⅳ 1915), Димо Хаџидимов, Атанас Спасов – Таската Серски, Тодор Паница (7. Ⅴ 1925) и др. Но во атентати се загинати и некои од владетелите на Македонија, како српскиот генерал Ковачевиќ во Штип, српскиот полициски началник Велимир Прелиќ (убиен од Мара Бунева, 13. И 1928) и др.. Атентаторската дејност ја практикувале и војводите на српската оружена пропаганда во Македонија Глигор Соколовиќ, Јован Бабунски, Јован Довезенски и др. Водачот на ВМРО автономистичка Иван (Ванчо) Михаилов, пак, организирал специјални т.н. атентаторски тројки. Познат е марсејскиот атентат врз кралот Александар Караѓорѓевиќ (1934). По Втората светска војна карактеристични се атентатите врз разни функционери на народната власт од страна на остатоците на балистичкото движење и уфрлените диверзанти од Албанија (19451952). Во современиот период најпознат е неуспешниот атентат врз претседателот на РМ Киро Глигоров (3. Ⅹ 1995). „Македонија и мирот“ (11. Ⅱ 1919). Во јули Друштвото го променило односот и се повлекло од Сојузот. ЛИТ.: Љубен Лапе, Активноста на Главниот одбор, Гласник на ИНИ, 1, Скопје, 1965; Михајло Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин. Полициската мисија на „ПРОКСИМА“