ПОЛИТИКАТА НА ДЕВИЗНИОТ КУРС НА РМ

ПОЛИТИКАТА НА ДЕВИЗНИОТ КУРС НА РМ – збир на мерки и инструменти за формирање и одржување на интервалутарната вредност на денарот. Во периодот по прогласувањето на политичката независност, РМ с¢ уште е дел од монетарниот систем на СФРЈ, така што нема можност за водење автономна политика на девизниот курс. Сепак, уште во почетокот на декември 1991 г. македонската влада носи одлука со која НБМ започнува да ги формира девизните резерви и да го утврдува девизниот курс на динарот на територијата на Македонија. Подоцна, при прогласувањето на монетарната самостојност, на 27. Ⅳ 1992 г. се воведува режим на фиксен девизен курс на нивото од 360 вредносни единици (бонови) за една германска марка. Фиксниот девизен курс претставува инструмент на стабилизационата програма, кој треба да ги стабилизира инфлациските очекувања и да овозможи намалување на инфлацијата. Сепак, во овој период централната банка нема никакво влијание врз девизниот курс поради неколку причини: отсуство на девизен пазар, скромни девизни резерви и недостиг на координација меѓу политиката на девизниот курс и другите макроекономски политики. Оттука, за кусо време се покажува несоодветноста на режимот на фиксниот девизен курс и во текот на 1992 г. се извршени две девалвации. Истовремено се врши модификација на режимот на девизниот курс така што се дозволува денарот да флуктуира во интервалот од ±10% во однос на кошницата од валути. Во овој период во Македонија истовремено функционираат неколку девизни курсови: официјален девизен курс објавен од страна на НБРМ, девизен курс по кој се врши купопродажба на девизи меѓу претпријатијата и девизен курс на црниот пазар. Притоа, најголем дел од трговијата со девизи се врши по двата курса различни од официјалниот девизен курс, кој цело време заостанува зад црниот девизен курс. Во мај 1993 г., се воспоставува официјален девизен пазар, чија организација $ е доверена на НБРМ, која станува надлежна за формирање на курсот на денарот, иако формално Собранието с¢ уште е надлежно за формулирање на целите и задачите на девизната политика. Притоа е извршена уште една девалвација на денарот и се преминува кон режим на флексибилен девизен курс. Сепак, централната банка с¢ уште не води активна политика на девизниот курс, кој продолжува слободно да флуктуира, следејќи го црниот девизен курс. Пресврт во политиката на девизниот курс се случува на почетокот на 1994 г., кога централната банка започнува да го одржува девизниот курс на стабилно ниво од 27 денари за една германска марка. Оттогаш централната банка започнува да води политика на де фацто фиксен девизен курс, како основно номинално сидро за стабилизирање на цените, а во октомври 1995 г. девизниот курс и рен таргет на монетарната политика. Импресивната стабилност на девизниот курс на марката продолжува с¢ до јуни 1997 г., кога е извршена девалвација на денарот од 16%. Потоа централната банка продолжува да го одржува девизниот курс во тесни рамки околу новото таргетирано ниво од 31 денар за една марка, а ваквата политика се задржува и по воведувањето на еврото. Во целиот овој период централната банка се покажува како исклучително ефективна во контролата на девизниот курс, успешно неутрализирајќи ги сите притисоци за депресијација или апресијација на денарот. Притоа, повеќе од една декада, таргетирањето на девизниот курс се потврдува како ефективно средство за одржување на стабилноста на цените. ЛИТ.: Горан Петревски, Монетарна политика – теорија и искуството на Македонија, Скопје, 2005, 278-286; Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, 60 години централно банкарство во Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006. Г. П. „Политическа свобода“, орган на македонските револуционери-социјалисти „ПОЛИТИЧЕСКА СВОБОДА“

Напишете коментар