ПЛАВЕВСКИ, Лазо

ПЛАВЕВСКИ, Лазо (Скопје, 18. Ⅺ 1954) – карикатурист. Значаен по тоа што јазикот на карикату-Лазо Плавевски:, карикатура „Без зборови“ рата го третира како уметничка дисциплина, а не само како илустрација. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1978). Со карикатурата се занимава од 1970 г., а подоцна со маил-арт, дизајн и детски цртежи (Нема книга, 1995; Цртежи за Јане и Цена, 1995; Картички – Мирослав Грчев и Лазо Плавевски, 2001). З. Ал.-Б.