ПИЈАДЕ, Моша

ПИЈАДЕ, Моша (Чика Јанко, Младен, шики) (Белград, 14. И 1890 – Париз, 15. Ⅲ 1957) – сликар, политичар, народен херој на Југославија, генерал на ЈНА, југословенски државник и редовен член на САНУ. Студирал сликарство во Минхен и Париз и како хонорарен професор по ликовно престојувал во Охрид (1913–1914). Како член на КПЈ (од 1920), со мали прекини, периодот од 1925–1941 г. го минал по затвори. Во затворот во Сремска Митровица ги поддржувал македонските дејци во нивните национални определби. Бил член на ЦК на КПЈ (од 1940), член на Врховниот штаб на НОВЈ (од 1942) и делегат на Првото заседание на АВНОЈ, а на Второто заседание на АВНОЈ бил избран за потпретседател на Президиумот. По Ослободувањето бил член на ЦК и на Политбирото на КПЈ/СКЈ. На Париската мировна конференција (1946) не го покренал решавањето на македонското национално прашање во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија. БИБ.: Слободна Македонија во братска демократска заедница на јужнословенските народи, Говори и статии, Скопје, 1947, 142-151; За прашањето на балканската федерација, Скопје, 1949; Слободна Македонија у братској демократској заједници југословенских народа, Македонија од устанка до слободе 1941–1945, Београд, 1987, 499–504. ИЗВ.: Моша Пијаде за слободна Македонија. Документи, „Македонија“, ЏЏЏИИИ, 396, Скопје, 15. Ⅴ 1944, 27; Диме Бојановски-Дизе, Сеќавања, АИНИ, Скопје; Мире Анастасов, Сеќавања, АИНИ, Скопје. С. Мл. ПИКОЛОМИНИ, Енеја Силвие