ПИПЕК, Олджих

ПИПЕК, Олджих (Прага, Чешка, 18. И 1929 – Скопје, 5. Ⅳ 1980) – диригент. Дипломирал на Прашкиот конзерваториум. Работел како диригент во повеќе оперски театри во Полска (Либерец, Катовице, Вроцлав) и во Чешка (Прага, Брно). Во Операта на МНТ работел од 1969 до 1980 г. и на нејзината сцена поставил и диригирал повеќе опери (Продадена невеста, Аида, Тоска, Русалка, Трубадур, Алберт Херинг). Извесен период бил и диригент на Камерниот орОлджих Пипек кестар на МРТВ. Гостувал во Германија, Полска, Романија. Во работата се одликувал со високи професионални барања, поседувајќи исклучително силна меморија. Ф. М. Боро Пиперевски ПИПЕРЕВСКИ, Боро Манев