ПИНЏУР, Страхил

ПИНЏУР, Страхил (Страшо) (псевд. Јосиф; Камо) (Ваташа, 3. Ⅲ 1915 – Скопје, 4. И 1943) – правник, национален и комунистички деец, првоборец и народен херој. Како воен сирак, бил државен питомец во Крагуевац, каде што му пристапил на комунистичкото движење, а потоа студирал на Правниот факултет во Белград. Бил член на КПЈ (1934), на Акциониот одбор на студентите на Белградскиот универзитет, на Покраинскиот одбор на македонските студенти (1936), еден од основачите и секретар на студентското Културно-просветно друштво „Вардар“ во Белград, еден од основачите на МАНАПО и на Студентската колонија во Охрид, поради што бил прогонуван и апсен. По враќањето во Македонија (1938) дејствувал во Тиквешијата, а по Априлската војна (1941), како член на Пленумот на ПК на КП во Македонија, дошол во судир со ставовите на Методија шаторов–шарло. Бил член на Покраинскиот воен штаб (од септември 1941, подоцна ГШ на НОВ и ПОМ), член на ПК на КПЈ за Македонија (од јануари 1942). Во отсуство бил осуден, потоа уапсен од бугарската полиција во Велес (кон крајот на 1942) и по подолго мачење убиен во Скопскиот затвор, заедно со народниот херој Мирче Ацев. Прогласен е за народен херој на Југославија (29. Ⅶ 1945). ИЗВ.: Дневникот на Страшо Пинџур. Приредил Јован Поповски, Скопје, 1976. ЛИТ.: Коле Чашуле, Народен херој Страшо Пинџур, Скопје, 1951 и 1959; Јован Бошковски, УШТЕ еднаш околу монографијата за Страшо Пинџур, „Современост“, Ⅱ, 1–2, Скопје, 1952, 107–110; Лазо Мојсов, Страшо Пинџур, Четириесет години 1941–1945, кн. 7, Скопје, 1963, 731– 733; Т(рпко) Панговски, Кон биографијата на Страшо Пинџур, „Историја“, Ⅳ, 1, Скопје, 1968, 87–89; Јован Поповски, Една младост, Страшо Пинџур, Скопје, 1969; Истакнат борец за правата на народот. Четириесет години од убиството на Мирче Ацев и Страшо Пинџур, „Македонија“, ЏЏЏ, 357, Скопје, 1983, 5; Тиквешијата во НОВ 1941–1945. Страшо Пинџур, народен херој. (Материјали од научниот собир одржан на 21 и 22 јуни 1982 год. во Кавадарци и Тркалезната маса за Страшо Пинџур одржана на 13 септември и 18 октомври 1984 год. во Скопје, Кавадарци-Неготино, 1985. С. Мл.