ПИНГОВ, Владимир

ПИНГОВ, Владимир (Велес, 1863 – Солун, 29. Ⅳ 1903) – гемиџија, еден од солунските атентатори. Изнајмил дуќан – берберница за камуфлажа на прокопувањето на подземниот тунел до Отоманската банка. Загинал во борба со османлиски војници при испланираниот обид да го кренат во воздух хотелот „Вардар“, заедно со гемиџијата Марко Бошнаков. ЛИТ.: Д-р Крсте Битоски, Солунските атентати 1903, ИНИ, Скопје, 1985; Јован Павловски, Гемиџиите, „Матица македонска“, Скопје, 1997. С. Мл. Една од најуспешните генерации македонски пингпонгари