ПЕЈЧИНОВ, Боро

ПЕЈЧИНОВ, Боро (Скопје, 14. Ⅸ 1942) – карикатурист и автор на цртани филмови. Студирал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Црта карикатури од 1957 г. Бил член на групата Кикс и на Редакцијата на весникот „Остен“. Објавувал карикатури во повеќе весници и списанија и учествувал на повеќе групни изложби на карикатури. Автор е на неколку цртани филмови. Ал. Цв. Кирил Пејчиновиќ (цртеж)