ПЕЈОВ, Наум

ПЕЈОВ, Наум (с. Габреш, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 13. Ⅺ 1919 – Скопје, 21. Ⅴ 2003) – припадник на Македонското националноослободително движење. Бил член на КПГ (1938) и учесник во Антифашистичкиот отпор. Командант на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“ и заменик-политички комесар на Првата егејска бригада. Противник на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање. По Втората светска војна живее во РМ. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, Ⅵ, Скопје, 1983. Ст. Кис.