ПЕЈЗАЖНА АРХИТЕКТУРА

ПЕЈЗАЖНА АРХИТЕКТУРА – кај нас нова дисциплина, поврзана со обликувањето и уредувањето на просторот/пејзажот. Како сегмент на урбаниот дизајн, се занимава со анализа, функционална организација и дизајн на градскиот отворен зелен простор; значајна е за создавањето кохерентна градска целина. Постојат многу школи за пејзажна архитектура кои обработуваат разни аспекти – од дизајн/обликување на пејзажи до планирање на предели, опфаќајќи повеќе дисциплини, како што се: екологијата, социологијата, архитектурата, урбанизмот, ликовните уметности. С. Х. П. Цане Пејковски