ПЕШТЕРИ

ПЕШТЕРИ – подземни карстни облици што се јавуваат во области составени од карбонатни карпи, а се формираат со карстна ерозија. Пештерите обично се со проширени канали во внатрешноста на варовничките маси што се протегаат главно хоризонтално. Можат да имаат само еден канал, но најчесто се состојат од мрежа од канали, ходници и сали. Карбонатните карпи во РМ, во кои се развиени пештери, особено се застапени во планинските масиви од Западна Македонија и во Повардарјето. Спелеолошките истражувања започнуваат меѓу двете свет

Пештерата Пешна
ски војни. Нив ги започнуваат Петар С. Јовановиќ, Станко Кара-ман и Воислав Радовановиќ. По Втората светска војна се интензивираат спелеолошките истражувања, а особено со формирањето на Спелеолошкото друштво на РМ, кое даде исклучителен придонес во започнувањето на организирана научноистражувачка дејност. При тоа најголем придонес за успешни научни истражувања и пропагирања на пештерите дадоа: Душан Манаковиќ, Ристо Гаревски, Трајан Петковски, Јосиф Јосифовски, Станко Станковски, Томе Андоновски, Драган Колчаковски, Ивица Милевски, познатото спелеолошко друштво „Пеони“ од Скопје и др. Според генетската класификација пештерите се делат на две групи: поткапини и вистински пештери. Вистински пештери се оние што имаат долги и разгранети пештерски канали кои се протегаат во варовничките маси, а се наоѓаат еден над друг. Со оглед на тоа дали низ пештерите протекува воден тек или не, пештерите се делат на речни и су
ви. Во формирањето на пештерите, покрај хемиската (карстна) ерозија, учествува и механичката ерозија на подземните речни текови. Со хемиска ерозија се прошируваат пукнатините во карбонатните маси, низ кои потоа про-течуваат подземни реки. Подземните реки, носејќи извесни количини на флувијален материјал песок, ги прошируваат пукнатините и се формираат пештерски канали. Во РМ се истражени преку 150 пештери. Петте најдолги пештери во РМ се: Слатински извор во Поречје (1.100 м), Ѓоновица (Убавица) на планината Буковиќ (1.010 м), Бела Вода кај Демир Капија (955 м), Дона Дука на Жеден Планина (700 м), Алилица на планината Бистра (590 м).
ЛИТ.: Д. Манаковиќ, Пештери во Македонија, „Географски видик“, кн. 1, Скопје, 1970; Т. Андоновски, Преглед на подзем
ните карстни облици во СР Македонија, Ⅸ југословенски спелеолошки конгрес, 1990. Т. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *