ПЕЧИЈАРЕ, Ордан

ПЕЧИЈАРЕ, Ордан (Прилеп, 28. ⅩⅠⅠ 1913 – Скопје, 24. Ⅺ 2002) – физичар, ред. проф. (1965) на ПМФ. Дипломирал (1937) физика и математика во Белград. Докторирал (1960) со темата „Електрични својства на бинарните легури“. Специјализирал во Париз. Објавувал трудови од областа на физиката на металите и детекција на радиоактивноста и е прв македонски автор што објавил (1957) научни статии по физика во странство. По Ослободувањето ги раководел првите курсови за наставници од кои подоцна израснала Педагошката академија во Скопје. На ПМФ работи од неговото основање (1946–1979). Бил раководител на Институтот за физика во текот на две децении и во четири мандата бил декан на ПМФ, односно на Факултетот за физика. Повеќе од три децении држел настава на студиите по физика и по медицина. Го раководел обемното реорганизирање на студиите по физика (1966) и воведувањето на постдипломски студии по физика (1969), како и создавањето на македонската терминологија по физика. Учествувал во НОБ во состав на Петтата македонска ударна бригада. Бил претседател на ДМФМ (1953–55), почесен член на ДФМ. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 168; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 179. В. Ур. шампињони Буковка