ПЕЧАЛБАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ПЕЧАЛБАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ – трудови народни песни. Настанале како израз и одраз на печалбарството. Во нив се опеваат условите во кои се јавило печалбарството, тешкиот живот на народот, суровата експлоатација од страна разните експлоататори, честите напади и ограбувања од Куќа од печалбарското с. Локвица, Порече страна на разни разбојнички банди и сл. Посебно чувствени се песните за разделбата со најблиските (Жалај, моме, да жалиме, како ќе се разделиме), тешкиот живот во туѓина, безработноста, гладувањето, разните болести, несреќните случаи во фабриките (фабриките свират како љути змии ,/ машините сечат како касапници), сосем ретко враќањето на печалбарот во родниот крај по многу години минати во туѓина (на бела промена и на мека постела) и сл. ЛИТ.: Кирил Пенушлиски, Трудови, Семејни, Хумористични песни, избор и редакција Кирил Пенушлиски, Скопје, 1973; Лазо Каровски, Печалбарството во македонската литература, Скопје, 1979; Македонски печалбарски песни. Избор, редакција и забелешки д-р Лазо Каровски, музиколошка обработка Трпко Бицевски, Скопје, 1979. М. Кит.

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.