ПЕТРУШЕВСКИ-ПАПУЧАР, Боро Апостолов

ПЕТРУШЕВСКИ-ПАПУЧАР, Боро Апостолов (Куманово, 1920 – с. Горанце, близу Качаник, април 1943) – комунистички деец и народен херој од НОБ. Како папучар, бил активист на УРС-овите синдикати, член на СКОЈ и организатор на штрајковите на папучарските работници (1938 и 1939). Прогонуван од полицијата, се преселил во Скопје (1939), станал член на КПЈ (кон крајот на 1939) и пак организирал штрајк на папучарските работници (1940). Боро Петрушевски -Папучар По Априлската војна (1941) работел во партиската техника на ПК на КП во Македонија и при една ноќна блокада (8/9. Ⅸ 1941) убил бугарски војник, по што стапил во Првиот скопски НОПО, потоа во Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ (1942), во Вториот скопски НОПО како политички комесар на чета (кон крајот на 1942) и во шарпланинскиот НОПО (1943). Загинал во поставена непријателска заседа. Прогласен е за народен херој на Југославија (20. ⅩⅠⅠ 1951). ЛИТ.: Р(ужа) Бак, Таков беше во секоја борба, „Нова Македонија“, ⅩⅠⅠ, 3783, Скопје, 1. ⅩⅠⅠ 1956, 2; Зборник народних хероја Југославије, Београд, 1958, 619; П(авле) Мимчиловиќ, Симбол на храброст и издржливост, „13 Ноември“, Ⅱ, 2, Скопје, 1963; На подвигот на смелите песна им пееме, „13 Ноември“, Ⅶ, 7, Скопје, 1968, 16; Загина Боро ПетрушевскиПапучар, „Нова Македонија“, ЏЏВ, 8077, Скопје, 5. Ⅳ 1969, 9; Боро Кралевски, Беа, загинаа, останаа, Скопје, 1969, 15; М(итре) Инадески, Низ фашистичка блокада – во партизани, „Вечер“, Ⅸ, 2574, Скопје, 11. Ⅸ 1971, 3. С. Мл.