ПЕТРУШЕВА, Илинденка

ПЕТРУШЕВА, Илинденка (Горна Џумаја, Бугарија, 4. Ⅷ 1944) – филмски критичар, публицист. Со филмска критика се занимава од почетокот на седумдесеттите години од ⅩⅩ в., од кога објавува текстови во „Филм-фокус“, „Вечер“, „Културен живот“, „Денес“, „Премин“ и во други домашни и странски списанија. Еден од основачите на Кинотеката на Македонија и долгогодишен уредник на нејзините списанија „Кинотечен месечник“ и „Кинопис“. Автор е на трудовите „Филмолошка библиографија 1944-1954“, „Филмографија на македонскиот аматерски филм 1935-2000“ и на книгата „Сонце на дирек“. Иг. Ст. ПЕТРУШЕВА-БАБАТА, Олга