ПЕТРОВ, Ѓорче

ПЕТРОВ, Ѓорче (Варош, Прилеп, 2. Ⅳ 1865 – Софија, 28. Ⅶ 1921) – професор, публицист, историчар, идеолог на МРО. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Основал повеќе револуционерни групи и круЃорче Петров жоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Како учител во Скопје (1888– 1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Бил професор во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895– 1897). Член на ЦК на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО. Ја објавил книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ (Софија, 1896). Бил задграничен претставник на ТМОРО (заедно со Гоце Делчев) во Софија (1897–1901). Учествувал во редактирањето на револуционерниот хектографиран весник „На оружје“ (Битола). Во Илинденското востание (1903) предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа; учествувал на Прилепскиот (1904), Струмичкиот (1905) и Рилскиот општ конгрес (1905). На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија. Го редактирал сп. „Културно единство“ (Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските (1912 –1913) и на Првата светска војна (1914–1918) бил на служба во Серез, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО (1919), противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Убиен по наредба на Тодор Александров. ИЗВ. и ЛИТ.: Г. Тодоровски, Ѓорче Петров, Скопје, 1981; Ѓ. Петров, Спомени – Кореспонденција. Вовед, коментар и редакција на Љ. Лапе, Скопје, 1984; А. Трајановски, Идеологот на ВМРО – Ѓорче Петров (1865–1921) – По повод 80-годишнината од неговата трагична смрт (1921–2001), „Гласник на ИНИ“, 45/2, Скопје, 2001. Ал. Тр. Ѓуро Петров