ПЕТРОВ, Стојмир Јорданов

ПЕТРОВ, Стојмир Јорданов (с. Лаки, Беровско, 4. Ⅲ 1948) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Скопје (1973), а од 1974 г. работи на Институтот за фармакологија и токсикологија при Мед. ф. во Скопје, каде што е директор, а долгогодишен директор и на Претклиничките институти на Мед. ф. Коавтор е на два прирачника за лекари и монографија за антибиотици. Д. С.-Б.