ПЕТРОВСКИ, Трајан

ПЕТРОВСКИ, Трајан (с. Арбиново, Охридско, 31. И 1939) – поет, раскажувач, романсиер, публицист, преведувач, полемичар, јуТрајан Петровски гословенски и македонски политичар и дипломат. Завршил Правен факултет во Скопје. Извесен период работел како новинар. Бил претседател на ДПМ и на Советот на СВП. Мошне плоден современ македонски писател. Како преведувач извршил помакедончување на дела од Иво Андриќ, Милош Црњански, Миодраг Булатовиќ и Чедо Вуковиќ. Вознемирен коментатор на македонскиот забрзан растур низ светот. БИБ.: И.стихозбирки: И падина и гороцвет, 1964; Опаленик, 1967; Благослов на лебот, 1969; Дреновица, 1971; Говорот на селаните, 1983; Разговори со Прличев, 1989; Анадолските ветрови, 1993; Босфорско завештание, 1996; Верување во Охрид, 1996. Ⅱ. романи: Девствена причесна, 1985; Асхаровци, 1987; Заклетва за простодушните, 1991; Непорабена месечина, 1994 и Саркофагот на македонската земја, 2001. Ⅲ. раскази, патописи и записи: Горчлив австралиски патопис, 1974; Време Литово и Аждерово, 1982; Каирска магија, 1988; Житија караормански, 1989; Озрачување на стварноста, 2002; Читање на папирусите, 1993; Разјуден живот, 2005; Антологија на современата египетска поезија, 1984. Г. Т. Трајко Петровски ПЕТРОВСКИ, Трајко Савев