ПЕТРОВСКИ, Мето

ПЕТРОВСКИ, Мето (с. Иванчишта, Кичевско, 23. Ⅴ 1935) – филм-ски и телевизиски режисер и снимател. Завршува Филмска школа во Белград, на Отсекот за филм-ски сниматели. Подоцна напоредно студира режија и светска и југословенска литература на Универзитетот во Загреб. Како режисер дебитира со документарниот филм „Селидби“ (1965). Има реализирано преку 60 документарни и кусометражни филма. Еден од ретките документаристи, чии филмови се прикажувале на фестивалите во Краков, Оберхаузен, Лајпциг, Кан, Карлови Вари. Покрај работата на филмот, реализирал и преку 30 телевизиски емисии. Иг. Ст. Методија Петровски