ПЕТРОВСКИ, Методија

ПЕТРОВСКИ, Методија (Куманово, 9. Ⅶ 1938 – Скопје, 11. Ⅴ 2008) – професор по книжевност, политичар и писател. Основно училиште и гимназија завршил во Куманово (1957), дипломирал (1961) и магистрирал на Филозофскофилолошкиот факултет (Група историја на југословенската книжевност) во Скопје на тема „Поетското и прозното творештво на Славко Јаневски“. Бил уредник на в. „Студентски збор“ (Скопје, 1959–1961), главен и одговорен уредник на сп. „Мугри“ (Куманово, 1957–1961) и новинар во „Наш весник“ (Куманово, 1963). Како општествено-политички деец бил потпретседател на Општината Куманово (1967–1972), заменик републички секретар за образование и наука (1972–1974), член на Друштвото на писателите на Македонија (од 1972), претседател на Општина Куманово (1974– 1982), член на Претседателството на Заедницата на градовите и општините на Југославија (1974– 1982), член на ЦК на СКЈ (1978– 1982), член на Претседателството на ЦК на СКМ (1982–1988), претседател на Издавачкиот совет на в. „Комунист“ (1982–1988), претседател на ССРНМ (1988–1990, секретар и потпретседател на ССРНЈ (1990–1992); координатор и советник во „Силекс“, по што заминал во пензија (2000). БИБ.: Доаѓање на патникот, Скопје, 1970 (поезија); Карпош – козјачка легенда, Скопје, 1971 (романизирана биографија); Цветови во зборот, Скопје, 1972 (поезија); Панче Пешев, Скопје, 1973 (романизирана биографија); Перо Наков, Скопје, 1974 (романизирана биографија); Киро Фетак, Скопје, 1975 (романизирана биографија); Цветови, Скопје, 1978 (поезија); Време на творештво, Скопје, 1985 (есеистика); Хоризонти на културата, Скопје, 1988 (есеистика). С. Мл. Панде Петровски ПЕТРОВСКИ, Панде Алексов