ПЕТРОВСКИ, Кочо

ПЕТРОВСКИ, Кочо (Скопје, 8. Ⅸ 1926 – Скопје, 30. Ⅹ 1988) – хармоникаш. Почетоците ги има во Радио Скопје (Мал оркестар). Потоа извесно време минува во ансамблот „Танец“ (како хармоникаш). Во ова време се јавува и како автор и обработувач на музика за одреден број кореографски постановки („шопска петорка“; „Фолклорна фантазија“ идр.). Последниот дел од работниот век го минува во Радио Скопје, како уредник во Музичката редакција. Автор е и аранжер на голем број песни и ора („Три години јас те чекав“; „Македонско девојче“, „Естрадно оро“, „Гајдарско оро“ идр.). М. Кол. Мето Петровски