ПЕТРОВСКИ, Бранко Павлев

ПЕТРОВСКИ, Бранко Павлев (с. Пожаране, Гостиварско, 23. И 1922 – Скопје, 13. Ⅳ 2009) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа во Белград (1942). Бил учесник во НОБ (ра-нет на Сремскиот фронт). Завршил студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1950), каде што се здобива и со титулата доктор на педагошки науки (1978). Работел како средношколски професор (Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје), советник во Републичкиот завод за проучување и унапредување на школството и професор на ВПШ, односно Педагошката академија „Климент Охридски“ во Скопје. Работел на Филозофскиот факултет во Скопје (1961–1963) и (1973–1987), изведувајќи ја наставата по предметите педагогија со основи на психологијата и советување и ориентација. Бил претседател на Педагошкиот совет на СРМ, главен и одговорен уредник на сп. „Просветно дело“, декан на Филозофскиот факултет (1981–1983) и раководител на Институтот за педагогија (19831985). Автор е на стотина стручни и научни трудови од областа на педагогијата и на психологијата. БИБ.: Структурата на учебникот, 1994; Педагогија, (коавтор), 1965; прер. изд. 1998 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет: 1946–1996, Скопје, 1976, 49. К. Камб. Јаким Т. Петровски