ПЕТРОВСКА, Љубица

ПЕТРОВСКА, Љубица (Крива Паланка, 14. Ⅺ 1927) – редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје по предметот систематика и филогенија на нижите растенија. Докторирала во 1961 г. во Скопје, под менторство на познатиот алголог Иво Певалек од Загреб. Била на специјализација во Белград и Загреб и на четиримесечен студиски престој во Ботаничкиот институт во Виена, кај еминентниот алголог Лотхар Геитлер. Има објавено голем број трудови од областа на алгологијата и е одличен познавач и монограф на групата модрозелени алги. Автор е на монографијата „Модрозелените алги (Цѕанопхѕта) на Република Македонија“ (1997), во издание на МАНУ. Вл. М. Славица Петровска-Галиќ ПЕТРОВСКА-ГАЛИЌ, Славица