ПЕТРОВА-МАЛКИЌ, Рада

ПЕТРОВА-МАЛКИЌ, Рада (Скопје, 16. Ⅷ 1930) – костимограф. Дипломирала костимографија и Рада Петрова-Малкиќ: цртежи на костими за претстава сценографија на Академијата за применета уметност во Загреб (1954). Од 1957 г. до пензионирањето (1992) работи како костимограф во МНТ( за Драмата, Балетот и Операта). Соработува со сите театри низ Републиката, како и со театрите од Загреб, Сараево, Бања Лука, Приштина, Пол-ска, Чехословачка. Костимографии: „Црнила“; „Ромео и Јулија“; „Дон Карлос“; „Кармен“; „Медиум“; „Набуко“; „Разделба“; „Александра“; „Ревизор“; „Вител“; „Болен Дојчин“; „Црна дупка“. Нејзини се костимографиите за филмовите: „Мирно лето“; „Македонска крвава свадба“; „Планина на гневот“ и др. Р. Ст. Црквата „Св. Петар и Павле“ во с. Галичник