ПЕТРОВА, Елеонора Константинова

ПЕТРОВА, Елеонора Константинова (Скопје, 12. Ⅷ 1952) – историчар и археолог. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (Група за класична фило-Елеонора Петрова логија) во 1976 г. Магистрирала (1989) и докторирала (1994) на Филозофскиот факултет во Бел-град. Кустос за нумизматика и за епиграфија во Археолошкиот музеј во Музејот на Македонија (1977–1987) и директор на Музејот на Македонија во Скопје (1995 –1999). Од 1999 до 2005 е професор во Институтот за национална историја (постдипломски и докторски студии), а од 2002 до 2005 г. визитинг-професор по античка историја на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Држела предавања во Американската школа за класични студии во Атина, на Техничкиот универзитет Орта Догу во Анкара и на Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија. Ги истражувала проблемите на античкото наследство на Балканскиот Полуостров, особено фокусирајќи се на Пајонците и на Бригите. Учествувала во голем број археолошки кампањи во Стоби, Дрезга – Куманово, Исар – Марвинци и др. Раководител на проектот за подводна археологија Врбник – Струга, Предримско Стоби и Стоби – римски форум. Од 2005 г. е вонреден ополномоштен амбасадор на РМ во Советот на Европа во Стразбур. БИБ.: Пајонските племиња и пајонското кралство во Ⅱ и И милениум пр. н.е., МАА, 12 (1990–91), Скопје, 1991, 9–130; Бригите на централниот Балкан во Ⅱ и И милениум пр.н.е, Скопје, 1996, 439; Пајонија во Ⅱ и И милениум пр.н.е., Скопје, 1999, 272. В. Л. Рада Петрова-Малкиќ