ПЕТРЕСКИ, Наум

ПЕТРЕСКИ, Наум (Охрид, 7. ⅩⅠⅠ 1966) – интерпретатор на народни и авторски песни. Почетоците на естрадата ги прави во 1990 г. Од тогаш настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство. Одржал концерти и во голем број земји во светот. Со неговиот карактеристичен, мек и кадифест глас испеал голем дел од македонските антологиски песни („Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ идр.), како и дел од најубавите авторски песни („Жал за Деспина“, „Лазарополе“, „Лична Јовано“ идр.). М. Кол.