ПЕТРЕСКА, Блага

ПЕТРЕСКА, Блага (Прилеп, 6. Ⅳ 1947) – интерпретаторка на македонски изворни и новокомпонирани песни. Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при Операта на Македонскиот народен театар во Скопје. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко. Првите снимки како интерпретатор ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестри и групи. М. Кит. Весна Петреска ПЕТРЕСКА, Весна Атанасовска