ПЕТРЕВСКИ, Горјан

ПЕТРЕВСКИ, Горјан (Мренога, Демирхисарско, 14. Ⅶ 1951) – раскажувач, романсиер за деца и млади. Работел како новинар во МТВ, потоа бил уредник во Книгоиздателството „Детска радост“, а сега е уредник на весникот „Наш свет“. Еден од најпопуларните наши писатели за деца и млади. БИБ.: Гороцвет, раскази, Ск., 1973; Споменка, роман, Ск., 1982; Тажниот свирач, раскази, Ск., 1986; Марта, роман, Ск., 1989; Снеговите на Климентина Евин, роман, Ск., 1991; Далечна љубов, роман, Ск., 1992; Исти очи, роман, Ск., 1993; Татковата прва љубов, поетски записи, Ск., 1997; Пролетни дождови, раскази, Ск., 1998; Вечниот ветар, роман, Ск., 2000; Ра-но дојде љубовта, проза, Ск., 2002; Сама, роман, Ск., 2003. П. Гил. Блага Петреска