ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА

ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА (КРУШЕВСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (Крушево, 9. Ⅸ – втората половина на септември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Би-ла формирана од околу 400 борци на Крушевскиот НОП територијален одред и околу 300 новопристигнати борци од Крушевско. Заедно со други единици на НОВ и ПОМ и приклучените делови на бугарскиот прилепски гарнизон кон НОД, водела тешки борби во Прилепско против германските борбени групи Гулман и Пабст и еден баталјон на Четвртата СС полициска дивизија (11-17. Ⅸ 1944). Наскоро била расформирана, а боречкиот состав бил прераспределен во Четириесет и првата, Четириесет и осмата и Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ. ЛИТ.: Крушево, Скопје, 1977; Македонија од устанка до слободе 1941-1945, (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл. ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА (ПОРЕЧКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА