ПЕТКОВСКИ, Дане

ПЕТКОВСКИ, Дане (Брусник, Битола, 25. ⅩⅠⅠ 1922 – Белград, 2005) – првоборец, генерал-полковник на ЈНА. Бил учесник во НОАВМ (1941), член на КПЈ (1943), заменик политички комесар на баталјон и на бригада и политички комесар на дивизија. По Ослободувањето бил командант на дивизија и на воено подрачје, началник на Управа во ССНО и помошник на сојузниот секретар за народна одбрана. Завршил Виша партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“, ВВА и Воена школа на ЈНА. Бил член на ЦК на СКЈ. В. Ст. Љубе Петковски