ПЕТКОВСКИ, Борис

ПЕТКОВСКИ, Борис (Бајмок,
19. Ⅺ 1931 – Скопје, 30. И 2005) – историчар на уметноста, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирал историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје (1956), докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (1975) на тема „Творештвото на Никола Мартиноски 1903–1973“. Има пресудно влијание во развојот на ликовната критика, науката и теоријата во Македонија и во афирмацијата на македонската ликовна уметност и култура во светот. Организирал изложби, предавања и курсеви (Биенале во Венеција, 1978; Париз, Рим, Неапол, Хале, Тори-но, Белград, Софија). Севкупното негово познавање на теоријата, историјата на уметноста и современата музеологија е вградено во формирањето и дејствувањето на Музејот на современата уметност во Скопје, каде што бил прв директор (1964–1976). Објавил 14 книги, студии, есеи и критики за македонската и светската уметност и култура.
БИБЛ.: Откривања, Скопје, 1977; Современо македонско сликарство, Скопје, 1981; Никола Мартиноски, Скопје, 1982;
За македонската уметност, Скопје, 1989. З. Ал.-Б.

Дане Петковски