ПЕТКОВИЌ, Владимир Р

ПЕТКОВИЌ, Владимир Р. (Велико Орашје, Србија, 30. Ⅸ 1874 – Белград, 13. Ⅺ 1956) – прв српски историчар на уметноста, академик, претставник на иконографската школа. Студии завршил кај Карл Крумбахер во Минхен. Ав-тор е на голем број книги и студии, од кои посебно ги издвојуваме монографијата за Матејче и студијата за Календарот во Старо Нагоричино. Во неговиот Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, објавува комплетен список на сите дотогаш познати споменици од средниот и од доцниот среден век, вклучувајќи ги и спомениците на територијата на РМ. БИБ.: В. Петкови¢ – П. Попови¢, Старо Нагоричино – Псача – Калени¢, Београд 1933; Календар у старом живопису српском. Фреске Св. –орÚа у Старом Нагоричину, „Старинар“ Ⅲ/1, Београд, 1923; Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950. Цв. Гр.