ПЕТАР, митрополит

ПЕТАР, митрополит (Јован Каревски) (с. Богомила, Велешко, 29. Ⅴ 1946) – архијереј на Македонската православна црква. Завршил Богословија во Призрен (1966), а Богословски факултет во Белград (1970). Бил професор во Македонската православна богословија во Скопје (1970–1972 и 1977–1979) и предавач на Богословскиот факултет во Скопје. Подипломски студии завршил на Грегоријанскиот универзитет во Рим (1982). Од 1972 до 1976 г. бил секретар на Полошко-кумановската епархија, потоа парохиски свештеник во „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје. Се замонашил на 19. Ⅵ 1980 г. во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ – Криви Дол, Скопје. За митрополит на Преспанско-пелагониската епархија бил избран на 2. Ⅳ 1981 г., хиротонисан во храмот „Св. Димит-Прогласувањето на Петар Делјан за цар, минијатура (Ⅺ в.) принцеза, која бремена ја избркал за да се ожени со Ирина, робинка од Лариса. Востаниците ги зазериј“ во Скопје (14. Ⅵ 1981), а на 15 јуни интронизиран во „Св. Димитриј“ во Битола. Бил австралисконовозеландски митрополит и администратор преспанско-пелагониски (ноември 1995–2004), а од 2004 г. преспанско-пелагониски митрополит и администратор австралиско-новозеландски. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Михаил Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 1994; истиот, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр. Трајче Лазов Петкановски