ПЕРЧИНКОВСКИ, Радован Трајков

ПЕРЧИНКОВСКИ, Радован Трајков (с. Бинишево, Велешко, 25. Ⅸ 1922 – Скопје, 4. И 1996) – интернист-кардиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основоположник, прв и долгогодишен директор на Клиниката за кардиологија, декан на Мед. ф. Бил претседател на Здружението на кардиолозите на СФРЈ. Особен интерес и придонес покажал за проучување на електрокардиографските промени при хипо и хипертрофичната исхемија на миокардот. Има големи заслуги во борбата против алкохолизмот и кардиоваскуларните заболувања, како и за рехабилитација на кардијалните болни. Автор е на бројни стручно-научни трудови и на поглавјето за електрокардиографија во учебникот „Основи интерне пропедевтике“ од А. Игњатовски. Бр. Н.