ПЕРОВИЌ, Сретен

ПЕРОВИЌ, Сретен (с. Горња Горица, Подгоричко, Црна Гора, 15. Ⅱ 1932) – поет, критичар, театролог, драмски писател, преведувач, антологичар, енциклопедист. Завршил Филозофски факултет во Белград. Бил главен уредник на весникот „Сусрети“, потоа директор на изд. дејност на НИО „Побједа“ и директор на Лексикографскиот завод на Црна Гора. Претседател е на црногорскиот ПЕН центар и почесен член на ДПМ. БИБ.: Звуците и далечините, Титоград, 1951; Камено племе, Титоград, 1955; Маѓосан храм, Титоград, 1962; Химна на јужните ветрови, Титоград, 1991; Пат во далечните души, Подгорица, (1997) и др. Препеал и објавил повеќе дела од макед. автори (Конески, шопов, Г. Тодоровски, Башевски и др.), а на македонски се објавени книгите Сребрени алки, Ск., (1982) и Македонија екумена, Ск., (2006). П. Гил.