ПЕРДЈУ, Вилијам Џејмс

ПЕРДЈУ, Вилијам Џејмс (ПАРДЕЊ, Јамес Њиллиам) (Мемфис, Тенеси, 26. Ⅲ 1942) – американски дипломат. Претставник на секретарот за одбрана на САД во Дејтонските преговори (1996); заменик специјален советник на претседателот на САД и државен секретар за демократија на Балканот во времето на Косовската војна и непосредно по неа (1999–2001); специјален претставник на САД во својство на „олеснувач“ во процесот на склучување и имплементација на Рамковниот договор (13. Ⅶ 2001, Охрид) и негов потписник во својство на сведок; вонреден и ополномоштен амбасадор на САД во Р Бугарија (2002–2006). ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007. Т. Петр.