ПЕРДИКА

ПЕРДИКА Ⅲ (Пердиккас) – македонски крал (365–360/359) од династијата на Аргеадите, син на кралот Аминта Ⅲ и Евридика. Успеал да воспостави добри односи со Теба. На почетокот ги одржувал и добрите односи со Атина, с“ додека не се судриле нивните интереси околу македонското крајбрежје, кога му испратил помош на опсадениот од Атина Амфипол (362/1 пр.н.е.) и го зазел (359 пр.н.е.). За возврат Атина ги нападнала Метона и Пидна. Истовремено нападнале и Илирите предводени од Бардилис, нанесувајќи му катастрофален пораз во битката, каде што и загинал заедно со 4.000 македонски војници. ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Е. Н. Борза, Ин тхе схадоњ оф Олѕмпус: тхе емергенце оф Мацедон, Прицетон/Н.Ј., 1990; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р. Вилијам Џејмс Пердју