ПЕНЕСТИ

ПЕНЕСТИ (Пенестае) – палеобалканска популација што ги населувала териториите на Северозападна Македонија. Првпат се спомнуваат во времето на Третата македонско-римска војна (171–168 пр.н.е.), кога на нивната територија се одвивале судири меѓу македонската и римската војска. Се спомнуваат 11 нивни населби. Најголем град бил Ускана што се наоѓал близу до Кичево. ИЗВ.: Тити Ливи, Аб урбе цондита либри, Липсиае, 1906. К. М.-Р. ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ