ПЕЛАГОНИЈА

ПЕЛАГОНИЈА – населба, об-ласт. Името доаѓа од горномакедонското племе Пелагонци, кои во Ⅳ в. пр.н.е. ги населувале областите западно од р. Вардар (Аксиј) до Линкестите на југ, Дарданците на север и меѓу Дасаретите и Пенестите на запад, т.е. денешна Северна Пелагонија. Првите споменувања во пишаните извори се во врска со македонско-римските војни, каде што се именува како област (Полибиј, Тит Ливиј). Од Ⅱ в. пр.н.е. П. се спомнува како град, седиште на Четвртата мерида, но локацијата не е позната. Во средниот век името се употребувало и како антички назив на г. Битола, но и како име на Леринско-битолско-прилепската рамнина. Денес е име на област, која е најголемата котлина-житница во РМ. ЛИТ.: К. Аџиевски, Пелагонија во средниот век (од доаѓањето на Словените до паѓањето под турска власт), Скопје, 1994. Б. Петр.