„ПЕЛАГОНИЈА“

ПЕЛАГОНИЈА“ – систем за одводнување, изграден од 1959 до 1964 г., а реконструиран во 1987 г. Одводнува површини од 30.000 ха во Битолско Поле и 24.150 ха во Прилепско Поле. Главен реципиент е Црна Река, којашто е регулирана во должина од 58 км. Во Битолско Поле, регулирани се и ре-ките Елашка, Драгор и шемница, со вкупна должина од 24 км, а во Прилепско Поле регулирани се реките Блато, Градска, Рибник, Сенокошка и Заградска со вкупна должина од 80 км. Во Битолско Поле, основната одводна мрежа ги вбројува одводните и периферноодводните канали со вкупна должина од 96 км. Поради недоволниот капацитет и актуелната состојба на системот, неопходна е негова реконструкција и доградба. Ст. Дод.

Прилепската брана

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *