ПЕЕВ, Коста

ПЕЕВ, Коста (Струмица, 26. Ⅵ 1936) – унив. професор, дијалектолог. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (19561960). Својата научна дејност ја започнува во 1963 г., кога е избран за асистент во ИМЈ „Крсте Мисирков“, каде што учествува во организирањето на Дијалектолошкото одделение и во реализацијата на проектот МДА. Како редовен професор (1989) по предметот Дијалектологија на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет во два мандата е шеф на Катедрата за македонски јазик. Соработник е на меѓународните проекти ОЛА, ОКДА, ЕЛА. Автор е на шеесетина лингвистички статии и на дијактелошки речник. БИБ.: Дојранскиот говор, Скопје, 1979; Кукушкиот говор, Скопје, 1, 1987 и 2, 1988; Речник на македонските говори во југоисточниот егејски дел, Скопје, 1, 1999-2002, 2, 2005 и 3, 2007. Св. Д. Муртеза Пеза