ПЕДЕСЕТ И ПРВА

ПЕДЕСЕТ И ПРВА (МАКЕДОНСКА) ДИВИЗИЈА (широк Дол, кај Берово, 19. Џ – декември 1944) – воена единица на НОВЈ. Во нејзиниот формациски состав влегле Првата, Дваесеттата и Дваесет и првата македонска НО бригада и Артилериската (струмичка) бригада на НОВ и ПОМ со вкупно 2.476 борци и офицери. Нејзиниот број подоцна нараснал на 6.689 борци и офицери. Учествувала во операциите за ослободување на Македонија долж комуникациите Дојран–ВаландовоСтрумицаРадовиш и СтрумицаНово Село–Бугарска граница во составот на Брегалничко-струмичкиот корпус. По Ослободувањето на Струмица и Радовиш би-ла распоредена на Југословенскогрчката граница од Гевгелија до тромеѓето со Бугарија, а потоа Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“, Штип расформирана. ЛИТ.: Боро Митровски, Борбените дејства на единиците од НОВ во Струмичкиот регион во периодот септември-ноември 1944 и германската документација во врска со нив. Струмица и Струмичко во НОВ 1943–1945. В. Ст. Формирањето на Педесеттата (македонска) дивизија (17. Ⅸ 1944)