ПЕДЕСЕТТА

ПЕДЕСЕТТА (МАКЕДОНСКА) ДИВИЗИЈА (с. Митрашинци, Беровско, 17. Ⅸ – декември 1944) – воена единица на НОВЈ. Во нејзиниот формациски состав влегле Четвртата, Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска НО бригада. Во првата половина на октомври кон неа била приклучена и Деветнаесеттата македонска НО бригада и Артилериската бригада, а Четвртата македонска НО бригада влегла во составот на 51-та дивизија. Во составот на Брегалничко-струмичкиот корпус водела борби против германските единици на правецот Валандово-Струмица-Берово, ги ослободила Берово и Пехчево (13. Џ), Кочани. (22. Џ), селата по долината на реката Брегалница, Штип (8. Ⅺ) и Свети Николе (9. Ⅺ). При Ослободувањето на Скопје водела борби кај хидроцентралата Матка и за Ослободувањето на Тетово (19. Ⅺ 1944), по што била расформирана. ЛИТ.: Боро Митровски, Борбените дејства на 50. дивизија на НОВЈ во завршните операции за ослободување на Македонија (септември–ноември 1944), Кочани и Кочанско во НОВ 1941–1945; Михаило Апостолски, Завршне операције за ослобо—ење Македоније, Београд, 1953. В. Ст.