ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА СЛУЖБА

ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА СЛУЖБА – стручна служба во предучилишните установи, во училиштата и во ученичките домови, која придонесува во извршувањето и унапредувањето на воспитно-образовната работа во училиштето, односно воспитнообразовните установи. Службата ја извршуваат дипломирани педагози и психолози, а учествуваат и дипломирани социолози, социјални работници и дефектолози, кои законот ги третира како стручни (со)работници. Секое поразвиено училиште, предучилишна установа или ученички дом во Македонија има вработено педагог или психолог, а некаде и педагог и психолог или друг стручен (со)работник. К. Камб. Формирањето на 51-та (македонска) дивизија (широк Дол, Беровско, 19. Х 1944)