ПАЈОНЦИ

ПАЈОНЦИ (Паионес) – палеобалканска популација од индоевропско потекло, блиска на Бригите. Етнонимот има збирен карактер, заеднички за повеќе племиња. Покрај Пајонците, во пајонската група племиња спаѓале: Агријаните, Астраите, Дероните, Доберите, Иорите, Лаијаите, Пајоплите и Сиропајонците. Живееле околу текот на р. Аксиј (Вардар) и Стри-Пајаци: а) пајак крсташ, б) домашен пајак, в) воден пајак мон (Струма), на просторот меѓу нив, по текот на реките Баргала (Брегалница) и Понт (Струмица). Нивната територија на север се простирала до изворите на р. Стримон, на запад до Пелагонија и на југ до Егејското Море. При експанзија на Македонското Кралство на север, биле истиснати од дел од јужните територии. Во Ⅴ в. пр.н.е. живееле околу средниот и горниот тек на Аксиј и горниот тек на Стримон. Токму од тој период и дознаваме за пајонските племиња Агријани и Лаијаи. Митолошките податоци за нив Монета на Лаијаите наведуваат неколку генеалошки линии: според Хомер, нивниот водач Астеропај бил син на Пелагон и внук на Аксиј и Перибоја, според Херодот, биле потомци на Тевкрите од Троја и, според Страбон, сродници со Фригите. Имале своја држава во периодот од првата половина на Ⅳ в. – ок. 230 г. пр.н.е. ИЗВ.: Хомери, Иллиас, Липсиае, 1910; Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927; Страбонис, Геограпхица, И-Ⅲ, Липсиае, 1895-1913. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија во Ⅱ и И милениум пр.н.е., Скопје, 1999. К. М.-Р.