ПАЈДУШКА

„ПАЈДУШКА“ – народно оро за мешан состав. Особено е популарно кај играорките, распространето на поширокиот балкански простор. Најповеќе се среќава во Македонија, Бугарија и Грција. Се игра во 5/16 (2,3) ритам. Рацете се држат за китките слободно спуштени надолу. Исклучителната посебност на кореографската содржина произлегува од уникатното прекрстување на чекорите на десната преку левата нога и истовременото потскокнување во вид на куцање. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 109. Ѓ. М. Ѓ.