ПАШКАНАТ

ПАШКАНАТ (Пастинаца сатива Л.) – двегодишно растение, првата година формира надебелен корен (консумативен дел), а во втората генеративни плодови и семе. Потекнува од Средна Европа. Во надебелениот корен има суви материи (19%) во кои има јаглени хидрати (12%), азотни материи (1,4%), минерални материи, етерично масло. Се користи за поправка на супи и јадења. Кај нас се одгледува на ограничени површини, во домашни градини. Д. Ј.