ПАУНОВЕЦ, ДНЕВЕН

ПАУНОВЕЦ, ДНЕВЕН (Инацхис ио Л.) – дневна пеперуга. Има добро развиени крилја, кои од горната страна се со карактеристични кружни шари, слични на паунови пердуви. Оттука е и името дневен пауновец. Се храни со нектар и растителни сокови. Најчесто се среќава во близина на коприви. Се јавува во две генерации, зимска – од март до април и летна – од јуни до септември. Распространет е во цела Европа до 60-тиот степен географска широчина. Во Македонија е многу чест вид. ЛИТ.: Јосеф Тхурнер, Дие Лепидоптеренфауна Југослањисх Мазедониенс. И. Рхопалоцера, Грѕпоцера унд Ноцтуидае, Посебно Издание. Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964; Лионел Г. Хиггинс анд Норман Д. Рилеѕ, А филд гуиде то тхе Буттерфлиес оф Бритаин анд Еуропе, Лондон анд Гласгоњ, 1970; Паул Сцхеидер – Предраг Јаксиц, Дие Тагфалтер вон Југослањисцх Мазедониен Дурина (Рхопалоцера унд Хеспериидае), Мüнцхен, 1990. В. Т. К. – М. Кр.